„Влезете“ во новиот дом на Гвинет Палтроу и Крис Мартин

18 март 2014

Актерката Гвинет Палтроу и нејзиниот сопруг, музичарот Крис Мартин се вселија во нивната огромна вила на Малибу, а светските медиуми не ја пропуштија можноста да влезат внатре и преку фотографија да ни го доловат неверојатниот ентериер и екстериер кој чини неверојатни 14 милиони долари. Преубавиот имот го одликува огромната вила со многубројни погодности за спортување и уживање во природата. Покрај салата за јога, се наоѓа и тениски терен, базен и приватна плажа само за славната двојка.

 

Куќата поседува четири спални соби и сите луксузни детали што може да си ги дозволат ѕвезди од нивниот калибар. Секој дополнителен збор би бил излишен, зашто фотографиите „говорат“ повеќе од доволно.

Објавено:
18 март 2014
Категорија: 
Сцена