Годинешното издание на музичките видео награди што ќе се одржат во Њујорк е закажано за недела. Минатата година домаќин беше Мајли Сајрус, но организаторите годинава одлучија таа информација да ја сокријат од јавноста и да остане изненадување.

Покрај тоа што сите очекуваат да видат кој ќе настапи, и како ќе изгледаат перформансите, а најавени се Бритни Спирс, Ријана, Аријана Гранде, Канје Вест, љубителите на модата со нетрпение очекуваат да го коментираат стилот на црвениот килим.

Она што ќе го видите во галеријата погоре се највпечатливите модни моменти од оваа „Ем-ти-ви" манифестација за кои се зборува и денеска.

Веруваме дека и вие се сеќавате на изненадувачката бременост на Бијонсе, на шокантните изданија на Мерилин Менсон и Лејди Гага, голите гради Лил Ким, трансформациите на Кристина Агилера... За вас што можеби и сте заборавиле, ве потсетуваме со овој избор на фотографии.

Објавено:
26 август 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
665 пати