Во црно-белиот свет на бизнис жената која му дава предност на минимализмот: Анин Бинг

8 април 2020

Анин Бинг му е добро позната на модниот свет. Бизнис деловна дама која во тој свет влегува како модел, а низ годините се профилира како жена со силно избрусано чувство за естетика и која основаше и моден бренд под своето име.

За неа сме пишувале во повеќе наврати до сега, а овој пат ќе се осврнеме на минимализмот присутен како базична естетика во опусот на нејзниот бренд.

А со минмалистичката естетика, паралелно е присутна и монохроматкска палета и особено црно-белиот спој. А токму таквиот микс е нејзина препознатливост. Но, нималку досадна. Благодарение на добро осмислените дизајни, најчесто во базични и чисти линии, во нејзиниот стил се пронаоѓаат многу деловн жени кои преферираат безвременски минмализам, но со изразен персоналитет.

Постојано е активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, па дури и во овој период кога цел свет е во изолација, таа од дома и од прва рака од нејзинот плакар, го отвора својот црно-бел свет пред публиката.

А еве што има таму...

 

Објавено:
8 април 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
966 пати