Во музичката резиденција на Принц....

26 април 2016

После веста за смртта на Принц, бројни обожаватели во негова чест се собраа пред неговата резиденција во Минесота. Неколку новинари, пријатели и фанови имаа среќа да влезат внатре во живеалиштето и студиото на талентираниот музичар, големо преку 5.000 метри квадратни.

За да влезат, секој од нив мораше да ги остави телефоните, камерите, па дури и диктафоните, бележниците.

надворешен поглед на Paisley Park

Според поранешната љубов на Принц, Шила, секогаш постои шанса јавноста да има можност да ѕирне во внатрешноста.

-Се надеваме дека овој простор ќе го направиме она што Принц сакаше да биде. Тој работеше на тоа оваа куќа и студио да станат музеј, па собираше предмети и спомени од сите турнеи. Дел од нив се неговиот мотор и моите тапани. Насекаде се фотографии од него, некои сте ги виделе до сега, а некои никогаш не беа пласирани во јавност. На ѕидот има мурал со неговите раце нанадвор, а од едната страна се сите луѓе на кој тој извршил влијание, додека на другата сме сите ние што сме играле со него... Прекрасно – објаснува Шила.

Додека резиденцијата на Принц да стане музеј во кој сите ќе можат да влезат, погледнете ги неодамна објавените фотографии од 1990-та година, токму од внатрешноста на куќата и студиото:

фотографијата од студиото

бината за проби

Т.н. Foo Foo соба на Принц, каде ги чувал оригиналите на мастер плочите

надворешноста на Foo Foo Room

рачно изработен „автомат“ за Принц

кројачкиот дел, каде се создавале костимите за настапи

Објавено:
26 април 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
255 пати
Тагови: 
Принц дом студио