Во пепито капут Меланија Трамп ја пречека новогодишната елка

24 ноември 2020

Во пепито капут со копчиња и шал, со потпис на модната куќа „Баленсијага“, во комбинација со црни кожени ракавици и црни високи чизми, Меланија Трамп ja пречека новата новогодишна елка во Белата куќа,  останувајќи доследна на елеганцијата и минимализмот.

Како што и претходно напиша на својот Твитер профил, уште од 1966, пристигнувањето на новогодишната елка во Белата куќа е празнична традиција. 

Голем дел од медиумите коментираат дека ова е последната елка која семејството Трамп ќе ја украси, бидејќи Џон Бајден од јануари ќе ја преземе функцијата Претседател на САД.

Годинашното дрво е високо 5.5 метри и е донесено од Западна Вирџинија, а ќе биде позиционирана и украсена во Сината соба во Белата куќа.

 

 

фото: instagram.com/alwaysmelania; instagram.com/melaniatrump.style; instagram.com/melaniatrumpworld;

Објавено:
24 ноември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
6.398 пати