Во соработка со Светската здравствена организација и организацијата „Global Citizen“ Лејди Гага организира онлајн концерт „One World: Together at home#, закажан за в сабота.
Нема сомнение дека и таа самата би предизвикала голем интерес, но сепак одлучи овој концерт да го направи со други познати личности, а листата е навистина долга и ексклузивна.
„Аланис Морисет“, Андреа Бочели, Били Ајлиш, Џо Армстрог, Бурн Бој, Крис Мартин, се само дел од потврдените артисти. Ќе ги видиме и Дејвид Бекам, Еди Ведер, Елтон Џон, Кери Вашингтон, Малума, како и Пол Макартни, Пријанка Чопра, Стиви Вондер и многу други.
Преносот ќе го води фантастична тројка - Џими Фалон, Џими Кимер и Стефан Колбер.
По овој повод Гага даде и видео изјава, во која ги повика сите луѓе да уживаат во музиката и да не уплаќаат пари, затоа што досега преку донатори успеала да собере 35 милиони долари. Исто така, изрази и поддршка на сите здравствени работници ширум светот.
„Иако физички не можеме да бидеме заедно, ајде да го направиме тоа онлајн“, порача пејачката.
Инаку, стриминг ќе има на Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и други платформи, а ќе започне од 20 часот.