Во плакарот на 74-годишна бизнис жена

27 јули 2016

Сандра Геринг е 74-годишна деловна жена, сопственичка на уметнички галерии во Њујорк, која ќе ве натера да заборавите на кремите против брчки и ќе ве потсети дека секој период од животот е убав со сите негови предности и недостатоци.

За магазинот The Coveteur, таа го отвори својот фасцинантен плакар во кој ќе препознаете став, страст кон животот, идентитет, слободен и темпераментен дух, уметност на живеењето.
Сандра вели дека секој ден го започнува со утринска гимнастика и дека тоа ја одржува нејзината виталност и одличното држење во осмата деценија од животот.

„Ја сакам енергијата на Њујорк. Можам да одам секаде низ светот, но по три дена веќе ми недостасува енергијата што ја чувствувам овде. Обожавам да одам во рестораните и продавниците во моето соседство. Нашиот град е глобален и уживам да ги слушам сите тие различни јазици и дијалекти низ улиците. Го сакам ресторанот Le Perigord, постои на истата локација веќе 50 години и е многу, многу секси. Сакам да седам на масат број 38", раскажува 74-годишната стилска дама.

Крзенено палто од Каролина Херера, модни додатоци од Шанел, мантили од Селин, минималистички фустани од Прада – нејзиниот гардеробер е вистинско богатство и реплика на нејзината личност и љубов кон животот.

Објавено:
27 јули 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.621 пати