Во животот и кариерата, секој од нас, барем еднаш си посакал момент што целосно ќе го промени неговото постоење на овој свет! Токму таков одлучувачки момент во кариерата, ѝ се случи на прекрасната Ешли Греам која денеска е најплатениот plus – size модел во светот.

Нејзините фотографии беа објавени во еден од најпознатите магазини Sports Illustrated, но таа се најде и на безброј ревии, едиторијали и насловни страници.

Неодамна, таа го отвори плакарот за сите нејзините обожаватели, но и позираше на покривот од нејзината зграда во долна облека што е дел од нејзината есенска колекција.

Сосема очекувано, дел од нејзиниот плакар беа голем број дизајнерски парчиња, меѓу кои и оние од Мери Катранзу, Александар Меквин, Живанши, Изабел Марант, Маноло Бланик и кои уште не.

Она на што особено се израдуваа многумина, е веста дека Ешли многу наскоро ќе лансира дизајнерска линија на долна облека, а токму во ова интервју имаме можност да ѕирнеме и некои од парчињата.

 

Објавено:
10 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.657 пати