Во плакарот на Опра Винфри...

18 јули 2016

Опра Винфри. Жената што успеа од себе да направи бренд. Речиси 25 години, Opra Winfrey Network функционираше од Чикаго, поточно од просториите на Harpo Studios.

Пред три месеци, Опра реши функционирањето да го префрли во Калифорнија, со што се збогуваше со дел од вработените, што несомнено ѝ беа како семејство.

Покрај тоа, таа одлучи да го расчисти и својот плакар, во кој се наоѓа неверојатна колекција на обувки, фустани, дизајнерски парчиња, модни додатоци.

По тој повод и тимот на сајтот „The Coveteur“ замина за Чикаго, за да види што сѐ Опра држи во нејзиниот гардеробер, голем колку една куќа. Секое парче ставено таму е своевиден тестамент, сведоштво за неверојатната моќ на модата и потсетување на Опра за некој за неа значаен момент.

-Никогаш не сум заминала од студиото во стилето чевли. Штом ќе завршевме со снимањето на шоуто, ги соблекував високите потпетици и си облекував удобни влечки, а овие ги враќав, тука во плакарот – раскажува Винфри.

На почетокот од кариерата облеката што ја носела на настани, морала да ја враќа. После толку години во шоу-биз индустријата, работите секако се сменети.

-Облеката што ја имам е поради тоа што се појавувам на телевизија или некој настан. И сѐ уште набавувам облека од таа причина, но сега таа е за мене. Односно, сега е моја. Не морам да ја враќам – вели водителката.

Кога се боите во прашање, во плакарот може да се види сѐ од бела до црна. Но, кога е нејзиниот личен вкус во прашање, интензивините бои не се меѓу омилените.

-Не ми треба тоа. Не сакам интензивни бои, ниту украси, ниту високи потпетици. Кога сте пред камери секој ден, мора да бидете дотерани, да имате став, во секоја смисла. Но, сега сум на едно друго ниво, кога овие работи веќе не ми се потребни, немам веќе корист од тоа. Приватно на пример, сум многу едноставна – открива Опра.

Меѓу омилените парчиња облека ѝ е белата кошула под блуза или џемпер.

-Омилена ми е уште од времето кога ја видов Мери Тајлер Мур како ја носи во 1970-тите. Крагната и манжетните се прицврстени за блузата, така што нема дополнителен волумен, што би ве правел уште покрупни – советува Винфри.

Модно ја освестил Адам Гласмен, креативниот директор на нејзиниот магазин, насловен „О“.

-Адам е тој што ме натера да сфатам дека се приврзувам за облека што е врзана за сонот што го имав за себе. Ги бирам парчињата според идејата што ја имам во мојата глава за тоа како некој како мене треба да живее, но всушност, немаат никаква врска со мојот реален живот. И тоа навистина ме смени – признава Опра.

Во продолжение погледнете дел од нејзиното модно царство во студиото каде долги години се снимаше шоуто на Опра, а кое е само дел од она што таа навистина поседува.

Објавено:
18 јули 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
727 пати