Во посета на студијата на модните дизајнери и уредници

17 март 2014

При посетата во нивните студија фотографот бил присутен во процесот на создавање на нови скици и креации, а своето искуство се обидел да го пренесе на широката јавност преку раскажување на впечатоците и обид да ја долови атмосферата преку своите фотографиите.

Изабел Марант, модна дизајнерка

Наместо да користи модел, дизајнерката создава парчиња кои би и одговарале нејзе. При посетата на нејзиното студио во Париз, фотографот ја затекнал додека пробувала неколку модели. Таа создава парчиња кои се еклектични, но и лесно носливи. Изабел Марант се разликува од другите дизајнери по тоа што другите дизајнери фантазират за жените, но таа сонува само да создава креации за нив.

Дрис ван Нотен

Бидејќи потекнува од фамилија на кројачи и трговци, Дрис ван Нотен уште од мал со својот татко шетал по разни модни шоуа и настани, но од 1986 година станува моден дизајнер кој создава принтови во кои се вљубуваат како жените, така и мажите. Процесот на производство е централен, концептуалноста е присутна од самиот почеток, па до создавање на комплетен производ, а ниту една креација не се пушта во продажба без да помине низ строгата контрола на квалитет.

Оливие Рустинг, креативен директор на Балман

Една од трите најпознати француски модни куќи по Втората светска војна (Диор и Баленсијага) Балман е познат по создавање на елегантни креации. Но со доаѓањето на Оливие Рустинг како креативен директор на модната куќа се промени деловната политика во правец на создавање на парчиња кои својата инспирација ја влечат од архитектурата, но сепак не губат од првичниот концепт за создавање дизајни за француски шик дами.

Карла Созани

Созани има богато портфолио од соработки со познати уметници, фотографи и дизајнери, а денес е феноменален уредник кој одлично може да направи соработка со кое и да е познато име во модниот свет. Кога фотографот Тод ја прашал зошто во своето студио има скултури со форма на цвеќе,а  не свежо цвеќе, таа одговорила – „Не сакам да бидам убиец, па дури и кога се работи за букет цвеќиња“.

Паскал Мусард, уметнички директор на Хермес Петит

Нејзиниот надимак е  „Little Miss Hoarder“ и е правнука на Тери Хермес. По 30 години сонување да создаде своја колекција аксесоари кои ќе ја потсетат на детството, Паскал ја лансираше линијата  Петит Х.

Објавено:
17 март 2014
Категорија: 
Сцена