Во продолжението на „Сексот и градот“: Се враќа старата љубов на Кери

16 април 2021

За снимањето на новите епизоди од серијата „Сексот и градот“ се дигна огромна бука. За почеток, продолжението ќе го носи името „And Just Like That...“ а најавното видео не ни' откри ама баш ништо. 

Неколку разочарувања следуваа поврзани со продолжението, а оваа последната стои некаде на граница помеѓу среќна и тажна вест. 

Се враќа Ејдан!

Иако сме среќни што ќе го видиме заносниот висок, русокос Ејдан (Џон Корбет), оној дечко за пример, совршен сопруг и убавец со кој Кери немаше да згреши, истиот тој Ејдан секогаш носи неволја. 

Имајќи го на ум фактот дека Крис Нот нема да се врати во улогата на Ѕверка, доаѓањето на Ејдан во сликата, само може да ги искомплицира работите меѓу Кери и нејзиниот сопруг. 

Какво сценарио би можело да следува, имајќи на ум дека приказната е завршена, останува само да видиме. Се надеваме дека продуцентите нема да разочараат па да се покајат што воопшто и' се вратија на приказната која така солидно ја завршија.

Освен тоа, што е „Сексот и градот“ без Саманта…

Објавено:
16 април 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
787 пати