Во топ форма и на 62: Шерон Стоун позира во црно боди

28 ноември 2020

Уште од младоста, а во голема мера благодарение и на улогите што ги бирала, Шерон Стоун е поим за сексапил и убавина.

И покрај тоа што денес е во седмата деценија од животот, таа сѐ уште е барана и на големото платно, но уште повеќе во модната индустрија.

Свесна за тоа, неодамна на својот Инстаграм профил, кој го води активно и каде не се срами да покаже како вистински изгледа нејзиното лице, тело, нејзиното секојдневие и навики..., сподели фотографија во црно боди и покажа дека е во топ форма.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

 

„Мојот пријател и фантастичен стилист, Парис Либи ми го прати ова денеска. Не само што сум изненадена, туку сум и благодарна што и на 62 години сѐ уште се занимавам со моделинг. Сладок живот, благодарам до сите што оваа година ме ангажираа“, напиша Стоун.

Освен црно боди, актерката носи и свилена кошула од „Долче и Габана“, како и жолти чевли на потпетица и со украсна тока.

 

Објавено:
28 ноември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.643 пати