Во винтиџ плакарот на Ема Вотсон

10 март 2017

Периодов, шармантната британска актерка Ема Вотсон е актуелна со нејзината главна улога во филмот што предизвика големо внимание, дизниевиот „Убавицата и ѕверот".

По тој повод, таа имаше бројни едиторијали, насловни страни, интервјуа, како и неверојатни стилски изданија на црвениот килим на нејзината патувачка турнеја со екипата што учествуваше во снимањето на филмот.

За онлајн магазинот coveteur.com таа ги отвори вратите на својот плакар и дозволи светската јавност да ѕирне во нејзиниот романтичен, интимен свет.

Според објавените фотографии може да претпоставите дека во суштина личниот стил на Ема е суптилен и ненаметлив, а сепак впечатлив. Романтиката и винтиџ естетиката преовладуваат од секој аспект, а не помалку застапени се и спортско-елегантните парчиња.

 

 

Објавено:
10 март 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
660 пати