Водителката Ана Михајловски го продаде својот Инстаграм профил за да помогне на дете да го врати слухот

14 март 2021

Познатата српска водителка Ана Михајловски поттикна необична акција - го продава својот Инстаграм профил и тоа за 6.000 евра, а причината е лекувањето на малиот Михаило.

„Се продава Инстаграм профил за лечење на Михаило. Кој ќе понуди најмногу пари, профилот е негов. На следната страница можете да ја оставите понудата, а најголемата ќе го добие профилот. Парите се уплаќаат директно на сметката на Михаило“, напиша пред неколку дена водителката.

Инаку, Михаило е детенце на коe на седум месеци му е дијагностициран рак на бубрезите. Лекувањето било долго и успеал да ги издржи сите терапии и да се излечи. Но, за жал, останале неколку последици, а една од нив е и губењето на слухот. Семејството брза да ги собере парите, па водителката даде рок од четири дена да се соберат што повеќе пари.

Нејзината понуда изнесувала 6.000 евра. Но, како пренесуваат српските медиуми, највисоката цена која била понудена е 3.000 евра.

 

„Го продадов за 3.000 евра, тоа е доволно семејството да ги покрие трошоците за патувањето и сместувањето. Парите за среќа се собрани. Едноставно е, на луѓето им беше потребна Инстаграм страница, а јас ја имам. Секојдневно добивам десетици вакви писма и секое од нив ме растажува, но и лути, а никогаш не можам да направам премногу, но ако имам нешто што може да помогне, а мене не ми е толку потребно, зошто да не. Инстаграм профилите не можат да бидат поважни од детскиот слух“, изјавила водителката за порталот Нова.

 

Објавено:
14 март 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.272 пати
Извор: 
nova.rs