Впечатливо враќање: Дакота Џонсон во гламурозно издание на филмскиот фестивал во Венеција

6 септември 2021

Дакота Џонсон одамна не сме ја виделе на некое гламурозно филмско случување, но затоа таа се потруди да го запаметиме ова на актуелниот филмски фестивал во Венеција.

Актерката се појави во друштво на Алесандро Микеле, уметничкиот директор на „Гучи“, носејќи токму негова креација.

Модните стручњаци аплаудираат на изборот за црвен килим. Се работи за смела и мошне впечатлива креација.

 

Дакота носи транспарентен фустан кој ги истакнува нејзините облини, „прекриен“ со бројни кристали и реси кои го следат секое нејзино движење. Сексапил и гламур во едно. Мислите дека фустанот ќе открие се', а вусшнот совршено си игра со провокативноста. 

Фустанот има суптилно деколте и нагласени раменици, а струкот е дополнително нагласен со сребрен ремен. 

Инаку, Дакота се појави на црвениот килим како дел од екипата од филмот „Изгубената ќерка“, во кој глуми со Оливија Колман и Ед Харис. Остварувањето е режисерско деби на Меги Џиленхол, а дејствието ја следи жената чиј летен одмор се претвора во мрачно искуство, притоа соочувајќи се со тајни од минатото.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Luca Carlino (@lucacarlino)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lei Style Magazine (@lei_style)

 

 

 

Објавено:
6 септември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.734 пати