Врзете ги појасите, доаѓа брендот на Лили Олдриџ

11 март 2014

Мора да постои некаква магија во ангелскиот свет на Викторија Сикрет, бидејќи уште еден ангел, се надева на лансирање сопствен бренд. Станува збор за Лили Олдриџ, која што реши да го следи примерот на своите поранешни колешки Жизел Бундшен, Хајди Клум, Тајра Бенкс и Александра Амброзио.

„Би сакала да започнам со креирање на сопствена етикета. Моделите ќе бидат супер забавни и ултра шик модерни, но знам дека за изградба на модна компанија треба многу работа, труд, посветеност и време. Имам толку многу нешта кои сакам да ги направам, ентузијазам и  идеи не ми недостигаат, но сепак сакам да се почнам полека со реализација, чекор по чекор“, открива Олдриџ за британски Vogue.

Олдриџ вели дека одлуката на многу модели да започнат свој моден бренд не е случајна. Според неа соработките со светски познатите модни куќи знаат да бидат мошне инспиративни.

„Јас сум мошне инспирирана од кариерите на неколку ангели на Викторија Сикрет. Да се биде дел од нивното семејство е навистина голема чест и задоволство. Жизел, на пример е голем хуманист и поборник за чиста средина, Хајди има создадено неколку неверојатни брендови. Работата ве става во таква неверојатна позиција, која може да ви обезбеди одлична кариера, за која  сте сонувале целиот живот. Каролин Марфи еднаш ми рече: Ова е работа, а не начин на живот. Пристапи и паметно и заврти се понекогаш назад за да изустиш по некое благодарам на оние кои ти се нашле попатно. Го запаметив тоа како животна девиза и продолжувам понатаму“, вели слатката Лили.

28-годишниот модел е во брак со фронтменот на популарната група Kings of Leon, Кејлеб Фоловил и го роди своето прво дете Дикси Перл во 2012. Во моментов Лили е фокусирана на втората колекција за етикетата Velvet на Греам и Спенсер. Станува збор за капсулна палета на разновидни секојдневни модни парчиња, вклучувајќи карирани кошули, избледени јакни со леопардов принт, елеци и фустани во силни бои кои треба да ја најават пролетта. Имено, оваа година се навршуваат десет години откако Олдриџ работи за овој бренд. Таа прв пат се појави во нивната рекламна кампања во 2004 година.

„Ги обожавам Velvet, тие се мојата позитивна вибрација. Нивните парчиња ги носам и приватно, изгледаат удобно, модерно, безвременски и кул. Откако добив синче мојот стил еволуираше во една поинаква насока, но сепак сакав да останам доследна на она што го носев и претходно, бидејќи знам дека тоа ми одговара. Откако го добив Дикси, почнав да носам здодевна облека, но благодарение на Velvet, можностите се бесконечни“, завршува моделот.

 

Објавено:
11 март 2014
Категорија: 
Сцена