Vs. Magazine со шест насловни за претстојната сезона пролет-лето 2014

30 јануари 2014

 

Супермодели и актерки позираа за пролетно-летното издание на Vs. Magazine. Со цел да го подобри својот рејтинг на читаност и да привлече нови фанови ширум светот, Vs. Magazine реши да издаде шест насловни страни во црно-бела варијанта на кои позираат шест дами кои се успешни во модната и филмската индустрија.

 

Емилија Кларк Емилија Кларк

 

Секоја хероина презентира различни сегменти на актуелности од секојдневието, па така љубопитните прашања на обожавателите на серијата „Game of Thrones“, ќе ги одговори актерката Емилија Кларк. Љубителите на седмата уметност своите филмски апетити ќе мора да ги задоволат со филмот „Telekinesis“, а главната протагонистка во филмот Џулиен Мур ќе им додели билети за промоцијата во кино салите. Но има уште едно изненадување за сите филмомани. Актерката Стејси Мартин ќе открие ексклузивни детали од снимањето и приказната на долго очекуваниот филм  „Nymphomaniac“, кој треба наскоро да ја доживее официјалната премиера.

 

Џулиен Мур Џулиен Мур

 

Стејси Мартин Стејси Мартин

 

 

Трите манекенки Кристи Тарлингтон, Хелена Кристенсен и Су Ју Парк, чија професија е токму позирањето, уште еднаш покажаа зошто се уште се на топ листите за најпопуларни и најангажирани модели.

Шесте приказни се обоени во дизајните и модните додатоци на најактуелните колекции за сезоната пролет-лето 2014.

 

Кристи Тарлингтон Кристи Тарлингтон

 

Хелена Кристенсен Хелена Кристенсен

 

Су Ју Парк Су Ју Парк

 

 

Објавено:
30 јануари 2014
Категорија: 
Сцена