The Weeknd ќе настапува на следниот „Супер боул“

14 ноември 2020

За изведувачите, настапот на полувремето на финалниот натпревар во американски фудбал, популарниот „Супер боул“, е престиж.

Минатата година честа им припадна на Џенифер Лопез и Шакира, шоу кое беше прогласено за едно најдобрите пет во историјата на „Супер боул“. Годината пред нив, групата „Maroon 5“ можеше да се пофали со одличен настап.

Следната година пак, свое шоу ќе има The Weeknd, а тој не го криеше задоволството и радоста за одлуката на организаторите.

„Сите во текот на годините и нашето растење ги гледавме некои од најголемите имиња од музичкиот свет на сцената на „Супербоул“ и сонувавме дека и ние еден ден ќе се најдеме на тоа место. Почестен сум на укажаната доверба и едвај чекам да настапам на полувремето“, вели 30-годишниот музичар, кој во моментов е актуелен со големиот хит „Blinding Lights“.

Ќе биде интересно да се види како тој и неговиот тим ќе го осмислат 15-минутното шоу. Уште нема детали околу тоа како ќе изгледа следното издание на „Супер боул“, поради пандемијата на Ковид-19. Она што се знае, покрај тоа кој ќе настапува на полувремето, е дека финалето е закажано за 7 февруари 2021 година и дека ќе биде дозволено да бидат исполнети само од 20% од вкупниот капацитет на стадионот „Рејмонд Џејмс“ во Тампа каде што ќе се одржува.

 

Објавено:
14 ноември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
211 пати