За 7 часа 12 милиони прегледи: Вака звучи новата песна на Адел

15 октомври 2021

Како што беше најавено, така и се случи - Адел ја претстави новата песна „Easy on me“, која за седум часа има преку 12 милиони прегледи.

Се работи за балада, во стилот на Адел, со одлична интерпретација. Како коментираат многумина, оваа песна не е за несреќни љубови или поранешни партнери, ова е за неа и за нејзиниот нов почеток.

На таква симболика алудира и спотот.

Почнува во црно-бела снимка, за потоа во еден момент да добие боја, како збогување со минатото и почеток на нешто сосема ново, на нов живот.

Воедно, нејзините обожаватели најдоа уште една симболика во раскажувањето на приказната.

Имено, како велат во „Roling in the deep“ ја изградила куќата во која ја пее „Hello“, а сега истата ја напушта со „Easy on me“.

И додека едни се воодушевени и велат дека ќе биде огромен хит, други очекувале сепак поразличен звук, особено по интервјуата кои ги даде за „Вог“.

Без разлика на тоа, факт е дека одлично звучи, а исто така изгледа. 

Нејзиниот „чоколаден“ стајлинг е супер инспирација за есенските денови.

Погледнете:

 

Објавено:
15 октомври 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.682 пати