За кого беа резервирани првите места на ревиите во Лондон?

17 февруари 2014

Од студените њујоршки улици, светската мода се префрли во романтичниот Лондон, каде очекуваниот дожд им посака добредојде на гостите на ревиите на светските дизајнери.

На ревиите на големите дизајнерски имиња се појавија бројни светски трендсетери, музички и актерски ѕвезди, модели и уредници на некои од најпознатите модни магазини.

Досега, најголема ѕвезда се чини дека беше младата Кендал Џенер која на ревијата на Топшоп успеа да добие место веднаш до „ледената“ кралица Ана Винтур. Во првиот ред на ревијата можеа да се видат и личности од модата како Кејт Мос и нејзината сестра Лоти кои за оваа прилика изгледаа супер тренди и двете во сосема шик парчиња.

Ревијата на House of Holland овој викенд во првите редови ги привлече нивните добро познати обожаватели како Кели Озборн, Дејзи Лав, Дерек Бласберг и Леј Лезарк.

Но, што ќе бидат модните ревии доколку барем на неколку не се појави омилената меѓу омилените – Оливија Палермо? Таа изгледаше одлично во секогаш уникатни комбинации на првите редови на ревиите на Метју Вилијамсон, Прингл и Емилиа Викстед.

Во продолжение погледнете некои од најпознатите ѕвезди кои ги заземаа првите редови на неколку ревии од модната недела во Њујорк, во исчекување на уште подобри!

Објавено:
17 февруари 2014
Категорија: 
Сцена