За овие личности 2020 не беше лоша: Најплатените ѕвезди годинава

22 декември 2020

Магазинот „Форбс“ ја објави листата со најплатените личности за 2020 година, односно со личностите кои оствариле најголема заработувачка во годината која генерално се карактеризира како лоша.

Според нивните статистики, на првото место е 23-годишната Кајли Џенер која поголемиот дел од заработувачката во 2020 ѝ ја должи на продажбата на 51% од својата козметичка компанија на а козметичка компанија која се случи во јануари годинава за што е побогата за 590 милиони долари.

На второ место е Канје Вест, кој во 2020 заработел 170 милиони долари, благодарение пред се' на продажбата на патиките „YEZZY“ во соработка со „Адидас“.

Третото место пак е за Роџер Федерер кој годинава инкасирал 106,3 милиони.

Погледнете го остатокот од листата:

1. Кајли Џенер  - 590 милиони долари

2. Канје Вест - 170 милиони

3. Роџер Федерер - 106, 3 милиони долари

4. Кристијано Роналдо - 105 милиони долари

5. Лео Меси - 104 милиони долари

6. Тајлер Пери - 97 милиони долари

7. Нејмар - 95.5 милиони доолари

8. Хауард Стерн - 90 милиони долари

9. Леброн Џејмс - 88,2 милиони долари

10. Двејн Џонсон - 87.5 милиони долари

Објавено:
22 декември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
157 пати