Забавите после „Оскарите“ погламурозни од самите „Оскари“

28 април 2021

Ова се дел од коментарите кога е модата на забавите после „Оскарите“ во прашање. Велиме, забавите, бидејќи имаше неколку, но онаа најспектакуларната изостана, на „Венити Фер“.

Но, затоа остана онаа на фондацијата на Елтон Џон и уште неколку организирани од актерите.

Дел од познатите ѕвезди на  своите инстаграм профили се појавија со гламурозните изданија.

Меѓу нив беше и Дуа Липа, која настапуваше на забавата на Елтон Џон, а за што смени два стајлинга - црна драматична тоалета и светкава сребрена со реси, двата ги потпишува модната куќа „Баленсијага“.

Впечатлива беше и сината креација што ја носеше Вини Харлоу, а од дизајнерот Жорж Хобеика.

Марија Бакалова присуствуваше на една од забавите во друштво на Парис Хилтон, а носеше бел комплет со светкави елементи од модната куќа Луј Витон, како модно продолжение на приказната од црвениот килим.

Меѓу оние што нам ни останаа во сеќавање се и Парис Џексон која носеше бел фустан од Моник Луилие и Кара Делевињ која носеше интересна комбинација на панталони и корсет до Роланд ван дер Камп.

Во продолжение погледнете уште неколку фотографии:

 

Објавено:
28 април 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.586 пати