Започна филмскиот фестивал во Венеција: Најубавите креации од првиот ден

2 септември 2021

Со премиерата на филмот „Вистината“ на јапоскиот режисер Хироказу Корееда, вчеравечер се отвори 76 издание на филмскиот фестивал во Венеција.

Во споменатиот филм глумат Кетрин Денев, Жулиет Бинош и Итан Хок, а истиот е во главната натпреварувачка програма. 

Корееда претходно, 1995 година, учествуваше на Филмскиот фестивал во Венеција со „Илузија", кога ја освои наградата за кинематографија, а воедно е добитник и на „Златна палма" на Канскиот филмски фестивал со филмот „Џебџии" (2018).

Инаку, во натпреварувачката програма за наградата „Златен лав" има вкупно 21 филм. 

Надвор од натпреварувачката програма е премиерата на шекспировата драма „Кралот" со Тимоти Шалејм како крал Хенри Петти и Роберт Патинсон во споредна улога, како и ТВ серијата „Новиот папа" во режија на Паоло Сорентино.

Филмскиот фестивал во Венеција лани предизвика критики за нееднаквата застапеност на жените. Годинава, во главната натпреварувачка програма има само две режисерки – Саудијката Хаифа ал -Мансур со „Идеален кандидат" и Австралијката Шенон Марфи со „Наивност". Друга режисерка – Лукреција Мартел од Аргентина, е дел од жирито.

Освен фимските остварувања, фестивалот го привлекува вниманието и поради модата. На првиот ден можеа да се видат неколку интересни креации, а ние во продолжение ви ги претставуваме највпечатливите.

Мариа Карла Босконо

Кирстен Данст

Синтија Ериво - Тори Бурч

Амелија Спенсер и Елиза Спенсер во Алберта Ферети

Синтија Ериво во Версаче

Милена Смит во Балман

Сара Гадон

Барбара Палвин во Armani Prive

 

Armani Prive се погрижи и за изгледот на Сара Сампаио

Исабел Ипер во Armani Prive

Адриана Лима во Етро

Пенелопе Круз во Шанел

Хелен Мирен во Долче и Габана

Објавено:
2 септември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.040 пати