Запознајте ја ќерката на Гвинет Палтору и Крис Мартин – Епл наполни 16 години

15 мај 2020

Ќерката на актерката Гвинет Палтроу и рок музичарот Крис Мартин, Епл Мартин, вчера наполни 16 години.
По тој повод, Гвинет на својот профил на Инстаграм објави неколку фотографии од ќерка си, надополнети со емотивна порака во која ѝ го честита роденденот.

„Не ми се верува дека ги пишувам овие зборови, но... Среќен 16-ти роденден мое драго девојче. Ти си светлината на моето срце, ти си вистинска радост... Ги обожувам нашите разговори доцна во ноќта, кога можам да слушнам како размислуваш... Јас сум навистина среќна што сум твоја мајка, убава и мила млада жено. Ти благодарам што ме избра мене", се вели во дел од емотивната посвета на Гвинет.

 

Актерката и рок музичарот беа во брак од 2003 до 2016 година, а покрај ќерката Епл, го имаат и синот Мозес.

Објавено:
15 мај 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.522 пати