Запознајте ја најубавата мала француска манекенка

26 март 2014

Има само 12 години, а веќе ужива статус со пандан на тоа што е Кејт Мос. Според француските модни кругови како и магазините, малата Тилан Блондо иако има само 12 години,  нејзината кариера е толку богата што дури три пати постарите колешки можат да и позавидат.

 

Тилан предизвика скандал кога се појави на француското издание на Вог пред повеќе од две години, облечена со високи потпетици, парчиња облека од висока мода, комплет нашминкана,со што изнуди контроверзија во модната индустрија.

 

Сепак, тоа не ги спречи од брендот Лакоста да ја ангажираат за ракламна кампања, а потоа следуваше и ангажманот како манекенка на Париската модна недела, каде настапи за Жан Пол Готје. Најсвежата насловна каде се појавува неодоливата Тилан е априлското издание на магазинот „Jalouse“.

 

Иако, во светот на модата речиси се е дозволено, некои граници сепак не треба да се преминуваат, а тие најчесто се поврзуваат со годините на манекенките. Сепак, неизбежен е фактот дека Тилан Блондо ја очекува блескава кариера и светска популарност.

Објавено:
26 март 2014
Категорија: 
Сцена