Откако пред две недели го објави нејзиното повлекување од модните писти, Жизел Бундшен се појави гола на насловната на бразилското издание на Вог прославувајќи 20 години од нејзината кариера.
На насловната на мајското издание на Вог можеме да ја видиме прекрасната 34 годишна манекенка во неверојатна форма како во раката ја држи буквата G од нејзиното име заедно со бројот 20.
Покрај на насловната, таа се појавува и во одличната фотосесија во магазинот претставувајќи ги водата, воздухот, огнот и земјата низ неколку фотографии.
И додека таа се најде во Вог прославувајќи ја нејзината фантастична 20 годишна кариера, бразилското издание на магазинот заедно со неа прослави 40 години од постоењето.
За потребите на оваа фотосесија, бразилската манекенка го повика нејзиниот победнички тим на фотографи и стилисти со кои работеше заедно за сѐ да изгледа беспрекорно.
По кој знае кој пат, таа фасцинираше со нејзината професионалност, неверојатно тело и харизма како на никој друг!