Жизел Бундшен за операцијата на градите: Што направив?

28 септември 2018

Познатата манекенка Жизел Бундшен во новата книга за прв пат открива дека ги зголемила градите, но и дека веќе следниот ден зажалила за тоа.

Ова е прв пат бразилскиот супер модел да говори за тоа, откако во 2015 – тата почнаа шпекулациите дека таа направила операција.

Ќе додаде дека на овој чекор се одлучила откако градите значително и се смалиле и останале неправилни по доењето на двете деца.

„Отсекогаш сите говореа за моето тело и се чувствував како луѓето од мене да очекуваат нешто што не можам да го исполнам“, пишува таа во нејзината нова книга Lessons: My path to a Meaningful Life.

Таа додава дека само сакала градите повторно да и се еднакви и луѓето да престанат да коментираат за тоа.

„Кога се разбудив, ден по операцијата, веднаш си помислив што направив? Се чувствував како да живеам во тело што не го препознавам. За прв пат во мојот живот носев широка облека бидејќи се чувствував неудобно“, вели манекенката.

Бундшен пишува и дека нејзиниот сопруг Том Брејди неизмерно ја подржувал и постојано и велел дека ја сака без разлика на нејзините одлуки.

„Она што нема да те убие, ќе те направи посилен. Но, посакував да го научам тоа на поинаков начин“, продолжува таа.

Во книгата таа пишува и за екстремните панични напади, откривајќи дека во еден момент размислувала и за самоубиство.

„Работите можат да изгледат совршено од надвор, но никој нема појма што всушност се случува. Мислам дека е време со вас да споделам некои од моите најголеми стравови и јавно да кажам дека ни би сменила ништо од она низ што поминав, бидејќи денеска сум она што сум благодарение на тие искуства“, пишува манекенката.

Откако на 14 години ја отрил моден агент во Сао Паоло, таа се соочила со многу критики низ кариерата.

„Ми велеа дека мојот нос е многу голем, а очите многу мали и дека никогаш нема да ме има на насловна страна на магазин“, открива таа, но за многу кратко време таа стана една од најпознатите манекенки во светот со безброј насловни страници и ревии зад себе.

Но, и покрај сè, таа се чувствувала многу лошо и постојано се чувсвувала како да не може да диши.

„Си велев дека ако скокнам од балконот сето ова ќе заврши и никогаш повеќе нема да се чувствувам како светот да ми се затвора“, пишува таа во книгата.

Во моментот кога и препишале апчиња, сфатила дека мора да го промени начинот на живот кој и го предизвикувал целиот стрес.

Во еден ден се откажала од цигарите, алкохолот, кафињата и брзата храна и целосно се посветила на јогата за што ќе каже дека целосно ја променило.

Објавено:
28 септември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
700 пати