Жизел Бундшен запеа во новата кампања за H&M

1 април 2014

После минатогодишната успешна соработка за зимската кампања која ја одбележа 2013 година, шведскиот моден гигант H&M, реши повторно да ја ангажира најскапо платената манекенка за 2013 година, Жизел Бундшен, во својата нова летна кампања за 2014 година.

Совршено извајаното тело на бразилската манекенка, одлично се вклопи во новите модели на костими за капење инспирирани од боемскиот стил на ’70-тите години. Рекламната кампања ја фотографираше Лаклан Бејли, кој направи одлична работа. Но, тоа не е се. Како поддршка и подобра промоција на новата колекција костими за капење, Жизел заедно со францускиот музички продуцент и диџеј Боб Синклер го препеаја големиот хит „Heart of Glass“, на мегапопуларната пејачка Блонди.

„Јас никогаш не мислев дека ќе имам можност да снимам песна и да работам со продуцент како што е Боб“, изјави познатата манекенка.

Видеото со песната и целосниот едиторијал за кампањата ќе бидат промовирани во месец мај оваа година.

Објавено:
1 април 2014
Категорија: 
Сцена