Зимскиот бал во Њујорк ја собра шоу бизнис елитата

18 декември 2013

Tрадиционално дванаесетта година по ред се одржа Зимскиот бал  во Ботаничката градина во Њујорк кој важи за еден од најгламурозните настани во годината каде се собира елитата од шоу бизнисот. Меѓу присутните се забележани и Џенифер Крил, Кристина Куомо, Ема Ѓорген, Алекс Крамер, Александра Лебентал, Кристијан Леоне, Александра Линд Роуз, Моли Симс и Кери Вашингтон.

 

Балот се одржува во величествената Ботаничка градина уредена во викторијански стил. Вечерта почнува со коктел под куполата која асоцира на палма, а продолжува со вечера и танц. Несомнено присутните максимално го испочитувале дрес кодот кога станува збор за вакви свечени настани. Дамите воодушевуваат во долги свечени тоалети, секоја стилизирана и доследна на себе, додека кај посилниот пол доминираат класичните одела и фракови како непогрешен и сигурен избор за ваков повод.

 

Објавено:
18 декември 2013
Категорија: 
Сцена