Зошто Џејмс Корден ќе биде добар домаќин на „Греми 2017“?

25 ноември 2016

Информацијата дека Џејмс Корден ќе биде домаќинот на следното издание на „Греми“ наградите, закажани за 12-ти февруари 2017 година, израдува многумина.

-Навистина сум почестен што следната година јас ќе го водам настанот. Тоа е најголемото и најпрестижното шоу за награди во музичката индустрија и навистина сум бескрајно среќен што ќе бидам дел од таква неверојатна ноќ – изјави Корден за странските медиуми.

Инаку, тој ќе ја преземе улогата на водител од LL Cool J, кој ја водеше манифестацијата во последните пет години.

Иако, одамна е познат на британската актерска сцена, Џејмс стана особено популарен благодарение на неговото Carpool Karaoke, што има преку две милијарди гледања на „Јутјуб“.

-Благодарение на караокето, ние видовме некои неверојатни возења со Џејмс и ние сме навистина возбудени што ќе посакаме добредојде и на неговата страст и ентузијазам за музика, што ќе донесат забава на сцената на 12-ти февруари – велат од Академијата на „Греми“.

Номинациите ќе бидат објавени на 6-ти декември, а еве зошто Корден ќе биде добар домаќин:

-Веќе има искуство со ваков тип манифестации. Тој пет пати ги водеше „Брит наградите“, а претходната година беше домаќин и на „Тони“ наградите, издание кое беше најгледано во последните 15 години.

-Неверојатно е талентиран за музика. Иако нема албуми или песни, тој беше дел од мјузикл кога имал 18 години. Исто така, имаше пејачки дел во мјузиклот од 2014 година „Into the Woods“, а своите музички способности продолжи да ги покажува во неговото „Late Late Show“.

-Неговите пародии и шеги се секогаш паметни и добро смислени.

-Во текот на ангажамните околу сопственото шоу и караокето, другаруваше со речиси сите познати личности од шоу-бизнисот.

-Има харизма и го задржува вниманието на гледачите.

Поради сето ова, со нетрпение го очекуваме новот издание на „Греми“.

Објавено:
25 ноември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
119 пати