Зошто ја нема скицата од венчалниот фустан на Лејди Ди?

16 август 2016

Поминаа 35 години откако принцезата Дајана и принцот Чарлс склучија брак. Уште оттогаш, па сѐ до денес, венчалниот фустан на Лејди Ди се смета за еден од легендарните за кои ќе се зборува и понатаму.

Дејвид Емануел е името на дизајнерот на венчаницата. Тој денеска има 63 години и е водител на британското издание на емисијата „Венчаница од соништата“ (Say Yes to the Dress).

После три и пол децении, тој за британските медиуми откри зошто никој до сега не ја видел скицата од толку зборуваниот венчален фустан.

Имено, тој и неговата сопруга Елизабет дизајнирале за Дајана уште пред таа да биде позната во јавноста. Сосема случајно, тој ја забележал младата девојка со принцот Чарлс како носи еден фустан од свилен тафт, што токму тие го дизајнирале.

-Подоцна, средните страни од весниците и магазините, а и во другите медиуми се шпекулираше за тоа кој ќе го дизајнира нејзиниот венчален фустан. Мојата поранешна сопруга и јас бевме оценети како аутсајдери. Но, Дајана сепак одлучи тоа да бидеме ние и така ни ги смени нашите кариери засекогаш – вели Емануел.

Подготовката на фустанот подразбирала и бројни средби со Дајана, а откако го оформиле моделот, принцезата прашала дали може да ја донесе и мајка си. Сепак, целиот процес бил држен во строга тајност, за да не дознаат новинарите и да создадат притисок.

-Ѝ ги покажав скиците и веднаш ги скинав, бидејќи не сакавме некој случајно да ги добие и да се дознае целата работа.

Денеска, таква скица би вредела милиони на некоја аукциска акција. Фустанот пак, беше покажуван насекаде низ светот, години наназад, за конечно потоа да биде вратен во кралското семејство.

Инаку, венчаницата е изработена од свилен тафт и античка тантела, а задниот дел бил долг преку 7.5 метри.

-Сакав тој фустан да ја претставува девојката Дајана Спенсер која ќе излезе како Принцезата од Велс. Катедралата во која се вршеше венчавката е грандиозна, па мораше и фустанот да е таков – открива Дејвид, за кој се шпекулира дека би влегол и во изборот на дизајнери за венчалниот фустан на Пипа Мидлтон.

Објавено:
16 август 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.779 пати
Извор: 
Harper's Bazaar