По долги години обожување на ултра тесните фустани, Викторија Бекам конечно ја откри најдобро чуваната тајна во стилскиот свет: ако сакаш да изгледаш слабо, носи широка облека.
Последниве неколку години се чини воопшто и не можеме да ја видиме Викторија во некое тесно парче – волуменозните комбинации се буквално дел од нејзиното секојдневие.
Широките панталони со висок струк, волуменозните фустани и палта се дефинитивно нешто без што поранешната Спајс девојка не може да се замисли себеси.
Модниот свет тоа го објаснува како нејзино силно оружје со кое сака да се претстави себеси како ултра слаба девојка. Но, тоа не го може секој. Не можеме, а да не забележиме дека и без тие волуменозни парчиња, сопругата на Дејвид Бекам изгледа тотално слабо, а истите само дополнително и помагаат во намерата.
За да го добиете изгледот на Викторија, не треба само да нафрлите на себеси неколку „огромни“ парчиња, туку за тоа треба да ги имате вистинските пропорции, да ги одберете вистинските бои и материјали.
Резултатот? Ќе изгледате многу послабо од она што сте – омилената животна девиза на Викторија!