Зошто воопшто Ким носи облека?

18 февруари 2019

Во светските медиуми една од главните вести повторно е Ким Кардашијан, односно нејзиниот моден избор. Имено, „ријалити ѕвездата“ вчера се појави на доделувањето на „Холивудските бјути награди“ во Лос Анџелес и ги запрепасти сите со својот изглед.

Но, не баш во убава смисла.

Ако ги следиме тенденциите на дизајнерите и општите модни трендови, голотијата одамна е веќе во втор план. Без разлика што продава, сепак сè повеќе доминира дамскиот изглед (конечно!), па токму затоа ова модно издание на Кардашијан воопшто не добива позитивни коментари.

Згора на сè, ова се граничи со добриот вкус. Нејзините гради се покриени буквално со две ленти, кои толку ја притискаат за да не се открие премногу (веќе видовме доволно), што буквално гледате гради насекаде.

Ако облеката што ја носиме пренесува порака, која би била нејзината?!

И социјалните мрежи се разбрануваа по повод стајлингот на Кардашијан па „Ова е нешто најлошо што во животот сум видел“, „Ова е фустан за девојки со мали гради“, „Комплетно промашување“, „Парите не можат да купат стил“, „Не дај Боже да кивне“ се само дел од коментарите.

Инаку, контроверзната креација е всушност винтиџ парче. Се работи за фустан од познатиот дизајнер Тиери Маглер од 1998 година, која Ким реши да ја „оживее“, но тоа го направи на многу лош начин.

И со оглед на тоа дека веќе сè видовме, навистина ни доаѓа да се прашаме, зошто Ким воопшто носи облека?

Оваа не е ни најмалку секси, ниту провокативно, ниту женствено. Но, она што уште повеќе би сакале да го знаеме е рeакцијата на францускиот дизајнер, како тој гледа на неговата креација во „интерпретација“ на Ким Кардашијан?

Што мислите вие?

 

фото извор: The Sun

Објавено:
18 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.509 пати