Тони награди 2017: Гламурозен црвен килим со софистицирана естетика

12 јуни 2017

Овој викенд Њујорк традиционално беше домаќин на 71-то издание на престижните театарски Тони награди, каде признанија добија најдобрите театарски остварувања.

Домаќин на настанот пак, што се одржа во „Radio City Music Hall", беше маестралниот Кевин Спејси кој направи вистинско шоу со неговиот препознатлив хумор, иако не изостави да спомне и колку бил нервозен што сега тој ја има улогата што минатата година перфектно ја реализираше Џејмс Корден.

На листата на наградени беа и „Dear Evan Hansen", претстава која доби дури шест „театарски Оскари" меѓу кои и оној за најдобар мјузикл, драмата „Oslo" го доби признанието за најдобра театарска пиеса, Бен Плат за најдобра машка главна улога во мјузикл, а неговата колешка Бет Мидлер доби Тони награда за најдобра главна женска улога во мјузикл. Признанијата за најдобра главна машка односно женска улога во театарска пиеса, ги добија Кевин Клајн односно Лори Меткалф.

Џон Леџенд исто така успеа да освои признание како копродуцент на претставата „Jitney".

На гламурозниот црвен килим доминираа дамите во софистицирани, макси тоалети, помеѓу кои со својот изглед особено воодушеви прекрасната актерка Оливија Вајлд во црвена креација со длабок V израз од Мајкл Корс.

Фотографии: vogue.com; people.com

 

Објавено:
12 јуни 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.191 пати