Брендот за чевли на Сара Џесика Паркер прогласен за најдобар на годината

12 септември 2023

Сара Џесика Паркер, важи за дама со неверојатен стил. Секое нејзино појавување на настан е совршено стилизирано од глава до пети, со особено внимание на деталите и секако чевлите.

Актерката има и свој бренд за чевли SJP by Sarah Jessica Parker, а токму тоа и беше поводот да ѝ се додели признание на Daily Front Row Fashion Media Awards што се одржа вчера во Њујорк.

Брендот на педесет и осум годишната актерка беше прогласен за најдобар на годината.

За оваа свечена прилика модната икона се одлучи за виолетов фустан со тантела од Оскар де ла Рента, којшто го комплетираше со неон жолти потпетици.

Естетика што сосема прилега на Паркер и која што го има препознатливиот шарм на Кери Бредшо.

Сара знае на совршен начин да го присвои секој тренд и да го прилагоди на сопствениот сензибилитет.

Стилските решенија на хероината на Sex and the City секогаш ги восхитуваат фановите и вљубениците во модата, а така беше и овојпат со одличната комбинација на виолетова и неон жолта.

 

Фото: AP images, Instagram

Објавено:
12 септември 2023
Категорија: 
Sweet 40+