Вљубенета Белучи во црвен Диор фустан

28 февруари 2023

На 48-те по ред César награди што викендов се одржаа во Париз, вљубената Моника Белучи се појави во елегантен, црвен фустан на Диор, со долга наметка во иста боја.

Дали изборот на црвена тоалета беше случаен или не можеме само да претпоставуваме, но едно е сигурно, Белучи ги сврте погледите на сите присутни.

Актерката која неодамна јавно се појави со својата нова љубов режисерот Тим Бартон, буквално сјаеше на црвениот тепих.

За ова нејзино појавување таа одбра и софистициран накит од Cartier, а кога се качи на сцената отпеа и дел од италијанската песна Ti Amo од Умберто Тоци.

Фото: Vogue

Објавено:
28 февруари 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
587 пати