Војвотката од Сасекс Меган Маркл е фан на кежуал естетиката, но кога должноста повикува умее да креира совршен формален или коктел аутфит.
На настанот којшто им оддава почит на жените Power of Women, организиран од страна на магазинот Variety во Лос Анџелес, Меган пријатно ги изненади присутните.
Војвотката беше поим за елеганција во креација на дизајнерот Проенца Шулер - макси беж тоалета на едно рамо со странични шлицеви.
Едноставниот софистициран фустан ја следеше линијата на телото на Меган, а таа уште еднаш докажа дека кога станува збор за формални прилики го има вистинскиот моден рецепт.
Минималистичката префинета тоалета војвотката ја дополни со нејзините омилени Aquazzura потпетици и црна, кожна, клач чанта.
Како финиш на оваа коктел-деловна креација таа одбра дискретен златен накит – алка, прстени и едноставни обетки.
Фото:Getty