Возрасен пар од Тајланд (83 и 84 години) стана вирален хит на Интернет со симпатичните модни едиторијали

23 јули 2020

Возраста не е бариера, духот и внатрешната состојба на човекот се најбитни...
На ова нè потсети харизматичниот брачен пар од Тајланд, Ван-Ји (83 години) и неговата сопруга Шо-Ер (84 години) кои преку ноќ станаа интернет сензација благодарение на нивните симпатични модни едиторијали полни со младешка енергија и ентузијазам.

За приказната да биде уште позабавна, брачниот пар е сопственик на продавница за хемиско чистење, па облеката што тие ја комбинираат во своите ултра модерни комбинации, се всушност парчиња што нивните клиенти ги заборавиле или од некоја друга причина не ги подигнале. Некои од парчињата се стари и повеќе од една декада, но вклопени во нивниот имиџ делуваат свежо и трендовски.

Интернет публиката ширум светот со големи симпатии го прифати нивниот проект, па бројот на следбеници на нивниот Инстаграм профил расте во секоја секунда.
Како за илустрација, вчера имале 50 илјади следбеници на Инстаграм, а веќе денеска нивниот број е речиси дупло поголем, односно 97 илјади.

Нивниот внук, кој патем е и фотографот на популарните фотографии од брачниот пар, даде изјава за магазинот Bored Panda, во која меѓу другото вели дека неговите баба и дедо се пример како возраста и годините не треба да бидат бариера, туку секогаш треба да посветуваме најголемо внимание на духот и внатрешната состојба, што се одразува и на надворешниот изглед.

„Навистина сме многу изненадени и го цениме тоа како луѓето реагираат на Ван-Ји и Шо-Ер. Се надевам дека носиме сè повеќе позитивна енергија до сите", вели нивниот внук, притоа упатувајќи апел и потсетување луѓето да не ја забораваат својата облека во продавниците за перење.

Извор: Bored Panda

 

Објавено:
23 јули 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
579 пати