23 години подоцна: Тајра Бенкс повторно на насловна на „Спортс Илустрејтед“

9 мај 2019

Во 1996 година, Тајра Бенкс беше првата Афроамериканка што ја красеше насловната страна на магазинот „Спортс Илустрејтед“. 

Сега, 23 години подоцна, таа повторно се најде на првата страна, а тоа го сподели и на социјалните мрежи.

„Првата беше пред 23 години. Колку лудо е тоа? Успеав да бидам првата црна жена на насловна страна“, вели 45-годишната Бенкс.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Tyra Banks (@tyrabanks) onMay 8, 2019 at 9:54am PDT

 Овој пат позира во жолто минималистичко бикини, покажувајќи дека совршено се справува со забот на времето.

„Ова е за сите што некогаш доживеале да им кажат дека не се доволно добри - поради нивното тело, години, сè. Бенкс е тука да ви каже да бидете бестрашни, без разлика што ви зборуваат другите!“, порачува моделот.

За магазинот чија насловна страна ја краси изјави и дека со ова појавување сака да ги сруши стереотипите.

„Постои стереотип дека само 20-годишните жени во бикини се секси. Како да кога ќе достигнеме одредена возраст веќе не сме посакувани или привлечни. Но, јас сакам да покажам дека моделингот не познава возраст. Пред 13 години се пензионирав, сега му се вратив на моделингот да го покажам тоа за што зборувам“, вели Тајра.

Тајра на насловна на „Спортс Илустрејтед“ во 1996 и 1997 година

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Tyra Banks (@tyrabanks) onMay 8, 2019 at 9:54am PDT

 

Објавено:
9 мај 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
717 пати