Познатата актерка Рис Витерспун денеска го прославува 45 роденден. Низ годините стана омилена на публиката не само поради талентот и улогите кои ги толкува, туку и поради имиџот на семејна жена.
На нејзиниот Инстаграм профил често споделува фотографии од секојдневието и домот, со што многумина ја доживуваат за непосредна и природна.
Последните години се посвети на пишувањето и режирањето, па не ја гледаме толку често во филмски остварувања.
Сепак, кога и каде и да се појави, може да се рече дека изгледа беспрекорно.
Висока е 156 сантиметри, но умее вешто да ги прилагоди парчињата на својата висина и тип на тело.
Така, како и Ева Лонгорија и таа има проверени модни формули:
-Џинс + кошула или блуза
-Фустани со должина над или до колена, најчесто со широко здолниште
-Речиси никогаш не носи масивен накит, туку дискретно ѓерданче или прстени
-Што поприродна шминка
-Лежерна фирзура
Ги сака и принтовите, но се труди да не претера со нив, па кога ги има или се на едно парче или пак се сведени и со складен тон.
Па доколку се пронајдовте, погледнете ги и фотографиите во продолжение каде ќе ги видите овие модни формули применети во пракса.
Во продолжение 30 модни погодоци на Рис Витерспун.