4 модни правила на кралицата Ранија

28 ноември 2020

Кралицата Ранија е една од најубаво облечените жени во светот. Таа со своите модни избори често пати поставува стандарди и ги руши стереотипите. 

Нејзиниот стил е доказ дека дискретните и сведени комбинации и затворените кроеви исто така можат да бидат впечатливи и секси.

Во нејзиниот гардеробер подеднакво се застапени и брендирани поскапи парчиња, како и оние од пристапните „улични“ брендови.

При комбинирањето на облеката се води од неколку правила на кои им е верна и кои одлично функционираат за нејзиното тело и изглед. Секое од „правилата“ се едноставни, но ефектни и можат да послужат како инспирација за дами од сите возрасти:

#1 Кошула фустан

Ова е едно од најзастапените парчиња во нејзиниот гардеробер, а го поседува во безброј варијанти, а посебно се издвојуваат еднобојните. Кројот е доволно широк за да не го „оцртува“ телото и да не предизвикува непотребно внимание, а од друга страна сепак е мошне женствен, бидејќи ја истакнува половината и со тоа ја нагласува фигурата. Ги комбинира најчесто се чевли во впечатливи бои и дезени. И генерално, кошулите и сите нивните варијанти се избор број еден.

#2 Широки панталони и кратка јакна

Кралицата Ранија може да се види и во комбинации кои не подразбираат високи потпетици и совршени фустани. Во едно интервју ќе рече дека едни од нејзините омилени комбинации, неформални, се оние со широки панталони и кратка јакна, најчесто кожна. Каубојски чизми со ниска потпетица и чанта се модните додатоци кои најчесто ги бира при вакви комбинации.

#3 Сако + ролка + панталони

И поворно панталони, но овој пат со класичен крој и во комбинација со сако и ролка и тоа најчесто во иста нијанса. При ваков избор, неутралните бои имаат предност. Изгледот го надополнува со чевли на висока потпетица и елегантна чанта. Едноставноста и чистината на ваквите комбинации дозволуваат да си поигра со накит или интересен принт. 

#4 Здолниште + кошула

Комбинација совршена кога треба да се истакне елеганцијата. Тука често знае да си поигра со кроевите и принтовите. Ако здолништето е во асиметричен крој и со дезен на пример, тогаш кошулата е еднобојна и поедноставна. И обратно. Чевли на високи потпетици се најчест избор на обувки при овие комбинации.

 

И уште неколку примери:

 

 

Објавено:
28 ноември 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.234 пати