40+ Французинка која кокетира со стилот и не ја интересираат трендови

3 јуни 2020

Таа не следи трендови, не носи премногу шминка, не се оптеретува со перфекција. Нејзината природност и индивидуален пристап кон модата го препознаваат оние кои ја разбираат суштината на истата.

Валери Трибес е 40+ Французинка, која на социјалните мрежи држи предавање за тоа што е француска, шик ноншалантност.

По ниту еден параметар не би ја категоризирале како трендсетерка, затоа што всушност трендовите не се референца во нејзиниот животен стил. Туку напротив, единствено правило што го следи во дефинирањето на својот стил е личниот инстинкт и чувство за префинето.

Базични парчиња облека, самодоверба и став –тројството што го дефинира нејзиниот имиџ.
Без премногу драма, таа е впечатлива, своја и прекрасна, пример како со неколку квалитетни кошули, ролки и пар џинс и панталони што одлично ви прилегаат, може да правите безвременски комбинации.

Фото: Инстаграм

 

Објавено:
3 јуни 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.928 пати
Тагови: 
40+