5 работи што можеме да ги научиме од возрасните блогерки

14 јануари 2022

Веќе неколку години наназад age plus или возрасните блогерки стануваат се' поинтересни на Инстаграм платформата, а со тоа и за модните брендови.

Од нив можат да се научат многу модни трикови за убавина и мода, а секако, и да се најде инспирација за модни комбинации, со кои дефинитивно рушат и стереотипи.

Во продолжение следат токму неколку совети кои можеме да ги примениме од блогерките на 40, 50, 60 години, а важат за било која возраст:

 

Не плашете се од принтови

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Grece Ghanem (@greceghanem)

Многу од жените ги избегнуваат мислејќи дека ќе изгледаат покрупно, или пак ќе бидат „премногу шарени“. Но, треба само внимателно да се одбере и искомбинира. На пример, маица на риги или кошула може да ви ппомогне да изгледате повитко (ако се вертикални), или да го направи вашиот изглед повесел (ако се хоризонтални). Од друга страна, точките секогаш придонесуваат за интересен, позитивен впечаток во моден контекст.

 

Не избегнувајте боја

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Grece Ghanem (@greceghanem)

Еден од најефектните начини да постигнете сјај и свежина кои се одлика на младоликиот изглед, е да се послужите со боја. Светлосина, циклама или црвената можат да ја „кренат“ секоја монотона комбинација. Ако не сте доволно храбри да носите комплетна комбинација во боја, тогаш инспирацијата пронајдете ја во модните додатоци.

 

Моќта на белата

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Carmen Gimeno (@carmen_gimeno)

Ако лицето ви е посветло, ќе изгледате помладо и попозитивно. Еден од начините да го постигнете тоа е да носите облека во бела боја. Кошула или маица со крагна, туника или ролка, можат многу да ви помогнат во тоа.

 

Џинсот е за сите генерациi

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Renia Jaz (@venswifestyle)

Џинсот е од оние материјали кои се мошне прилагодливи на сечие тело - можат да ви помогнат да ја нагласите фигурата, но и да прикриете недостатоци, но сето тоа доколку одберете модел соодветен на возраста и телото. 

 

Накит

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Carmen Gimeno (@carmen_gimeno)


Една од препознатливите знаци на Ајрис Апфел е токму накитот. Тоа не значи дека и вие треба да го носите во толкава количина, но со ова сакаме да потенцираме дека накитот, синџиот на очилата за сонце, прстените и алките се безвременски модни додатоци кои можат исклучително да го подобрат вашиот изглед, да му дадат автентичност. 

 

Објавено:
14 јануари 2022
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.146 пати