50+ блогерка која патиките ги вклопува во сите женствени комбинации

25 јуни 2019

Ако барате идеја како да ги комбинирате патиките буквално во сите комбинации, вклучувајќи ги оние женствените, тогаш упатете се на Инстаграм профилот на 50-годишната блогерка Кармен Џимено @carmen_gimeno.

Кај оваа шармантна дама, ќе забележите дека умешно прави шик комбинации во кои секогаш постои место за нејзините омилени патики.

Токму спојот на елегантниот со спортскиот стил, станаа препознатлива карактеристика за нејзиниот имиџ, па сега има армија следбеници и фанови, што се пронаоѓаат во ваквата естетика.

Може да се биде женствена и во патики, е дефиницијата по која Кармен го конципира својот секојдневен стил – вибрантен, колоритен, игрив, ама истовремено отмен, женствен, дамски...

 

Објавено:
25 јуни 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
3.529 пати