53-годишната блогерка Рената Јазѕик ќе ви ја прикаже есента во најстилско издание

19 септември 2019

Таа е неодоливо инспиративна и шармантна 53-годишна дама за која секогаш со задоволство пишуваме. Модната блогерка Рената Јазѕик која стои зад модниот блог „Ven's wife" е дефиниција за модно зрела личност која ги ужива привилегиите на модниот свет независно од возраста.

Токму затоа многу средовечни дами во нејзе пронајдоа инспирација и мотивација, не само кога е во прашање стилот туку и позитивнот дух и поглед на нештата.

Овој пат ставаме акцент на нејзините актуелни, есенски аутфити.

За почит е тоа што не се плаши да експериментира со трендовите и да им даде свој индивидуален израз, па токму тоа и ќе го забележите во нејзините нови постови на Инстаграм.

Кај неа есента има посебна магија. Актуелните тренди парчиња на Ботега Венета, како што се мрежастите сандали и ременот со масивна тока, таа ги комбинра во уникатни аутфити со широки панталони, килоти и блејзери.

Палетата на бои е раскошна, па клише „правилото“ на есенски земјени тонови, во нејзиниот стил не постои. Напротив, ќе видите од монохроматски стајлинзи до еклектични колоритни изданија.

Во една прилика таа ќе каже:

-Мојот совет до помладата „јас" е да не се плаши да експериментра, да биде отворена кон нови стилови и трендови, да ја користи модата на забавен начин. Низ годините научив дека првиот впечаток може да биде погрешен и затоа не треба да се откажуваме „од прва". Бидете со отворен ум!

Објавено:
19 септември 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
4.408 пати