53 пати кога сме посакале да го имаме гардероберот на Селин Дион

30 март 2021

Последниве неколку години нејзиниот имиџ се трансформираше до степен што на епитетот музичка, сосема оправдано може да се додаде и модна икона.

Благодарение на соработката со стилистот Ло Роах, Селин е на самиот врв меѓу најдобро облечените дами во шоу бизнисот.

Светот ја обожува и ѝ аплаудира на храброста да се осмели на целосна стилска трансформација која ја донесе на врвот во друштвото современи модни икони.

Не е едноставно, ѕвезда со таква големина и со изграден идентитет, да посегне по стилски експеримент, што ја „разголи" модната дива во неа и смело ѝ се покажа на јавноста. И го направи вистинскиот чекор!

Нејзиниот плакар последниве години е составен од минималистички до еклектични парчиња, а во речиси сите изгледа беспрекорно.

Оскар де ла Рента, Брендон Максвел, Прада, Балман се само дел од брендовите застапени во гардероберот. Смела, исто колку и елегантна, женствена, дама, спортска - Селин со новиот моден избор покажа дека умее да биде вистински моден камелеон.

Денеска го прославува 53 роденден, а ние одбравме 53 комбинации кои не криеме дека би ги посакале и во нашиот гардеробер.

Објавено:
30 март 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
990 пати