Најновата нсловна страна на GQ Portugal ја краси токму Шерон Стоун. Таа доаѓа како најава за нејзиниот 64 роденден (кој го прославува токму на денешниот датум), со што уште еднаш не' потсетува дека е посилна од сите предизвици и дека е полна со живот.
View this post on Instagram
И оттаму и симболичната насловна „Art of Living“ - на Шерон Стоун начин.
Во насока на годините и животот, изгледот, зборува и во нејзината книга која ја издаде лани токму на денот на нејзиниот роденден, „The Beauty of Living Twice“, а во која вели:
-Ми одговараат моите години. Јас сум од оние луѓе на кои им годи долгиот рок на траење. Во првата половина од животот имате лице со кое сте се родиле, а во втората половина добивате лице какво што сте заслужиле. Одлучив следните години од мојот живот да бидат најдобрите години од мојот живот.
-Убавината ја гледаме на толку многу начини во природата - мора да покажеме волја да се паѓаме под влијание на комерцијализацијата на убавината, како единствена важна работа. Ми се допаѓата тоа што, особено во модата денес, можат да се видат жени од сите видови убавина. Треба да ја прифатиме убавината во сите форми.
-Работите што се трудите да ги поттиснете, како вашите анти-социјални делови од личноста на пример, всушност може да се вашите најголеми таленти и дарба. Грешка е да се мешаме и да се обидуваме да бидеме како сите други, бидејќи нашиот талент или дарба нè прават поинакви од другите. Животот е како сложувалка и ако не се ослободите, раширите нема да бидете дел од местото во сложувалката кое ве чека вас.
-Се вратив на корените на мојата личност и ја прегрнав личноста која бев претходно, пред да станам позната. Сметам дека Ајнштајн беше во право и прилично паметен во врска со времето - тоа е нешто што ние сме го измислиле за да се најдеме едни со други. Живееме во свет кој има повеќе од три димензии. Времето е двосмислена и ефемерна конструкција. Како што стареам сфаќам дека се враќам онаа Шерон која бев како млада, затоа што тоа е мојата вистинска личност.
-Моите 40-ти беа прекрасни. Не можев да работам, бидејќи кога жените ќе наполнат 40, веќе не им даваат работа во Холивуд. Бев мајка на три прекрасни момчиња. Заздравував од тежок мозочен удар и бев постојано во суд, борејќи се за старателството на мојот најстар син. Но, сепак, постоеше нешто прекрасно во тој период и покрај сите тие предизвици. И покрај тоа што никој не сакаше да излезе на љубовен состанок со мене - никој не сака жена која има мали деца - беше тоа период на промени во кој се спознавав и научив да се разбирам самата, моите потреби. Тоа е период на мојата најголема промена, но и период во кој сметав дека сум најубава.
Но, покрај овие, со својот стил и однесување, таа ни открива и уште неколку модни лекции за безвременски стил:
Бирајте облека соодветна на вашето тело и возраст или што би рекла Шенон: „Не сакам да правам работи за да изгледам како девојка, затоа што и не сум веќе девојка. Среќна сум со тоа што сум возрасна жена“.
Не е шминката таа што ве прави убави: „Не верувам дека шминката и вистинската фризура се нештата кои можат да направат жена да биде убава. Жената која најмногу зрачи кога ќе влезе во собата е онаа која е полна со живот и искуство“.
Бирајте облека која што ВИЕ ќе ја носите, а не таа вас. Вие треба да доминирате, без разлика дали носите парчиња со дезен, принт, светки... А тоа ќе го постигнете само доколку добро се чувствувате во тоа што го носите.
Белата кошула е задолжително парче без оглед на годините. И за формален и за свечен изглед - не постои замена.
Ако имате стомак - не е крај на светот - ставете некој интересен асиметричен ремен, одберете модел со набори или крој кој ви дава комоција.
Секогаш оставете простор за сексапил - преку погледот, очилата за сонце, високите потпетици, фустанот - одберете го она што мислете дека најдобро ќе го прикаже.
Високиот околувратник е одличен избор за возрасни дами, или ако немате доволно долг врат, сепак некоја марама или детаљ во горниот дел од телото - го сокрива вратот кој јасно ви ги покажува годините.
Секогаш носете ведрина и насмевка со вас. Тоа е тајната на привллечноста.
А сето ова што го зборуваме, може да се види и во галеријата во која е прикажан нејзиниот стил и убавина низ 64 фотографии - за инспирација.