Актерката како вистинска дама: Гламурозно издание на Хелен Мирен

12 јуни 2019

Актерката Хелен Мирен (73) неодамна беше дел од еден настан во Лондон, заедно со Лиам Нисон и Мери Мекартни.

Не е тајна дека таа важи за една од најдобро облечените и стилизирани актерки, која воедно и ја има титулата на „дама“, а и овој пат го оправда тоа. Мирен се појави во гламурозна креација на брендот „Suzannah fashion“.

Се работи за смарагдно зелен мантил-фустан. Горниот дел е со ревери, предниот пак е збогатен со копчиња од истиот материјал. Здолништето е асиметрично - во задниот дел подолго, напред малку пократко, а има и џебови.

Сјајот на ткаенината, дискретниот принт, бојата, како и кројот кој одлично ѝ прилега на актерката, направија таа да изгледа луксузно, кралски.

Чевлите во слична нијанса со фустанот, металик клачот, впечатливите обетки, прстенот и секако широката насмевка на Хелен, го заокружија овој изглед вреден за внимание.

Идеален модел за оние што сакаат да го сокријат стомакот, да ги намалат облините визуелно или да ја истакнат половината.

Ви се допаѓа ли?

Објавено:
12 јуни 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
249 пати