Амалија Кнавс - жената од која Меланија Трамп ја наследила убавината и стилот

20 август 2019

По десетдневниот одмор во Њу Џерси, семејството Трамп се врати во Вашингтон. По тој повод, светските магазини (пред сè забавни) пишуваа за неколку работи:

-за тоа колку пораснал Барон Трамп (13) и дека е повисок од родителите (Доналд 190см, Меланија 180см)

-за стајлингот на Меланија Трамп, - зеленото впечатливо здолниште+бела маица+Лубутан салонки со цветен принт 

-за родителите на првата дама на САД - Виктор и Амалија Кнавс. И тие заедно со претседателското семејство се вратија во Вашингтон, а со оглед на тоа дека родителите на Меланија не се појавуваат често во јавноста, медиумите во тоа најдоа интересна вест.

Голем дел од нив пишуваа дека Амалија ја „поразила“ модно својата ќерка, појавувајќи се во шик фустан без ракави, во интензивна сина боја, со необично поставени пруги во други бои. Фустанот го комбинира со салонки на висока потпетица во истата сина нијанса.

Токму од нејзиното појавување може да се види од кого Меланија го наследила стилот, но и убавината.

Инаку, Амалија и Виктор Кнавс по пензионирањето, од Словенија се селат во Америка, за да ѝ пружат поддршка на својата ќерка, но и нејзината една година постара сестра Инес, која исто така живее во Белата куќа, но јавноста речиси и да не знае за неа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Melania Knauss Trump (@first_lady_melania) onApr 11, 2018 at 7:00am PDT

 Познато е дека Амалија во Словенија работела како кројачка и дизајнерка на облека за деца, па токму со нејзина помош и поддршка, Меланија ја започнува својата кариера како манекенка и првите модни чекори.

Престојот во Америка им е овозможен преку Зелена карта, а како пренесуваат американските медиуми, се работи на тоа да станат граѓани на САД. Тие доаѓаат во Белата куќа за сите важни семејни настани, но не живеат во неа, иако била дозволена и таква опција. Се зборува дека Барон е посебно поврзан со бабата и дедото, од кого и го научил словенечкиот јазик.

Нивното потекло е исто така од Севница, мало место во близина на Љубљана. Сè уште ја поседуваат куќата во која Меланија е родена и ја посетуваат неколку пати годишно.

Амалија и Виктор се запознаваат во Севница во 1966 година. Виктор работи како возач на градоначалникот на градот во близина, додека Амалија, како што рековме е моделар во фабрика за детска облека. Фотографијата во продолжение е една година подоцна од нивното познанство.

За Амалија која има 74 години, се вели дека отсекогаш била беспрекорно облечена. Нејзиниот сопруг Виктор пак, има 75 години, додека нивниот зет има 73.

Трамп само еднаш ја посетил Словенија и тоа во 2002 година, а како што ќе рече, престојот траел 13 минути. Тогаш и ги запознал родителите на Меланија. Нивниот прв престој во Америка е во 2004 година, кога Доналд ја запросува Меланија, што за потсетување, се случува на Мет галата во Њујорк.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Melania Knauss Trump (@first_lady_melania) onJun 14, 2018 at 11:22am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by #TrumpPence2020 (@trumppencefamily45) onJan 25, 2019 at 3:00pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @7vision14 onMay 11, 2017 at 2:33pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Melania Knauss Trump (@first_lady_melania) onJun 29, 2018 at 5:05pm PDT

 

 фото извор: townandcountrymag.com; dailymail.co.uk; inquisitr.com; pinterest.com; 

Објавено:
20 август 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
7.323 пати