Брук Шилдс: Не опседнувајте се со вечната младост и убавина

18 ноември 2020

Последната објава на Брук Шилдс, која модната кариера ја започна уште на 11 годишна возраст, а првата насловна за „Вог“ ја имаше на 14 години, е со златна маска за лице.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

Шилдс има 55 години и навистина изгледа фантастично. Маските се дел од нејзината дневна нега на лицето, но тоа не е се'. За магазинот „Пипл“ неодамна говореше за тоа како во 50-тите се чувствува многу подобро од 20-тите, кога несигурноста доминирала:

-Бев дел од јавната индустрија во која атлеткската градба, каква што имам јас, не беше посакувана. Имав другарки кои беа супермодели, но јас никогаш немав такво тело. Атлетската градба беше пандан за крупна жена. Бев окарактеризирана како „крупна“. Му благодарам на Бога, денеска многу типови тело се прифатени - вели Брук.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

Денес е задоволна од тоа како изгледа, а дел од нејзините рутини се:

-Редовно вежба, а посебно комбинација на возење велосипед и пилатес.

-Внесува големо количество вода, но исто така смета дека водата со лимон е тотална глупост.

-Работи на тоа да си биде себеси на прво место.

-Лицето го мие со што постудена вода, за кожата да има што поголем сјај.

-Јаде многу зеленчук.

-Чоколадо јаде кога ќе посака,  бидејќи во спротивно вели, создава голема внатрешна борба.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

„Кога ќе забележам дека некоја жена напорно работи и се труди околу својот изглед, секогаш ѝ давам комплимент. Жените после 50-тата не се отпишани, како што сакаат да веруваме. Самодовербата е многу важна работа, а јас мислам дека допрва ќе почнам да ја покажувам мојата. Не опседнувајте се со вечната убавина и младост. Вежбам и отсекогаш сум се трудела да останам фит и здрава. Но, како што старееме, така станува се' потешко. Има некои места на телото што, без разлика што да направам и колку и да ослабам, се' уште се таму. А тие ми предизвикуваат несигурност. Но, добрата вест е што со добра исхрана, вежби, редовен и доволен сон можат да се постигнат резултати. Покрај сето ова се одлучив и за еден ласерски тремтан наречен „SculpSure“, кој ги топи маснотиите од телото. Не сум за пластични операции, имам страв од нив, но сум за нега и третман. Сепак, не би се вратила во 20-тите. Беше одлично, но сега сум многу порелаксирана и во мојот живот и во мојата кожа и во сопствената среќа“, вели актерката.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

 

 

Објавено:
18 ноември 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
356 пати